Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиромашниот претседател ја продава својата „буба“!

Сиромашниот претседател ја продава својата „буба“!
Милион долари бил подготвен да плати арапски шеик за синиот автомобил Фолксваген „буба“ од 1987 година на уругвајскиот претседател Хосе Мухика. Понудата му била дадена за време на самитот Г77+Кина, што се одржа во Санта Круз, Боливија. Ова не е првпат некој да покаже интерес токму за автомобилот на „најскромниот претседател на светот“. „Ми дадоа понуда. Бев малку изненаден. На почетокот не придавав некое внимание на тоа, но кога подоцна дојде уште една понуда, почнав посериозно да размислувам“, признал 79-годишниот Мухика. Тој нагласил дека доколку дојде до продажба, сите пари ќе ги искористи за државната програма „План хунтос“, наменета за изградба на станови за сиромашни. Поранешен левичар и герилец, Мухика е познат по неговиот скромен начин на живот, кој воопшто не наликува на оние на светските политичари од негов ранг. Од платата која изнесува 12.500 долари како претседател на Уругвај, тој за себе задржува само 1.250 долари, а остатокот оди во добротворни цели, заради што и ја доби титулата „најсиромашен претседател на светот“.
Слично

Поврзани вести