Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиромашна земја што го „скроти“ Ковид -19: Имаат дури четири вакцини, но малкумина го знаат тоа

Сиромашна земја што го „скроти“ Ковид -19: Имаат дури четири вакцини, но малкумина го знаат тоа

Во земјите на Европската унија се преферираат само вакцините од западноевропските производители: Модерна, Фајзер/Бионтек, АстраЗенека, додека оние развиени и произведени од други земји - како што се Кина, Индија и Иран - ретко се споменуваат освен ако не се критикува или доведува во прашање нивната ефикасност и безбедност.

Истовремено, за земја која е медицински шампион со децении и работи на четири вакцини против Ковид-19 скоро и да нема никакви информации. Станува збор за Куба.

И самата вест дека Куба и Иран склучиле договор за соработка за вакцината против корона вирусот помина сосем незабележано, иако кубанскиот државен Институт за вакцинација „Финлеј“ на почетокот на месецот објави дека потпишал договор за соработка со иранскиот нститут за тестирање на најнапредната од четирите кубански вакцини - Соберанa 2.

Споменатата кубанска вакцина успешно ја помина втората фаза на клинички испитувања, а третата и последната фаза ќе се спроведе и во Куба и во Иран. Покрај 150.000 жители на Хавана, вакцината ќе биде тестирана на 50.000 волонтери во Исламската Република Иран. Постои интересна причина зошто Хавана се одлучи за Иран. Куба успешно се избори со корона вирусот, толку успешно што нема доволно заразени жители за да ја тестираат вакцината. Затоа тие се свртеа кон Иран, каде стапката на инфекција е најголема на целиот Блиски исток.


Слично

Поврзани вести