Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириските Курди од Кобане ги протераа џихадистите на Исламската држава

Сириските Курди од Кобане ги протераа џихадистите на Исламската држава

Сириските Курди развеаа знаме на ридот над градот Кобане, во близина на границата со Турција, откако од градот ги избркаа џихадистите на Исламска држава. Со тоа практично завршија четиримесечните борби меѓу Курдите и џихадистите за освојување на северниот сириски град, иако според САД сѐ уште е рано да се прогласи победа.

Од средината на септември, кога џихадистите окупираа околу 300 курдски села во околината на Кобане, како и половина од градот, загинаа 1.600 лица, главно жртви на воздушните напади на меѓународната коалиција. Околу 1.075 од загинатоте се џихадисти, а 459 курдски борци, а останатите 32 се цивили. Над 160 илјади бегалци го напуштија регионот и спас од Исламската држава побара во Турција.
Слично

Поврзани вести