Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириските бунтовници вратија две села кои беа под контрола на ИД

Сириските бунтовници вратија две села кои беа под контрола на ИД

Сириските бунтовници заземале две села под контрола на ИД и така ги повратиле загубите кои ИД им ги нанела во изненадната офанзива во петокот на северот од Сирија.

Бунтовниците ја вратиле контролата над селата Кафр Шус и Брагхид и така ги зацврстиле своите позиции околу градот Азаз во кој моментално се наоѓаат десетина илјади бегалци од други делови на Сирија, се наведува во соопштението на Локалниот комитет за координација.

Офанзивата на ИД на северот од Сирија предизвикала загриженост на водечките меѓународни хуманитарни организации , а во последните напади на џихадистите повеќе од 100 000 луѓе морале да ги напуштат своите домови.

Бунтовничките сили го контролираат на Азаз кој се наоѓа на коридорот за снабдевање на опозицијата во Алепо.

Опозициониот претставник Ахмар Примо го потврдил напредувањето на бунтовничките сили.

Слично

Поврзани вести