Сириските бунтовници не веруваат во мировните преговори
Опозициските политички лидери и бунтовничките команданти во Сирија велат дека меѓународната дипломатска иницијатива за прекин на граѓанската војна во земјата ќе пропадне, додека јасно не биде кажано дека претседателот Башар Асад треба да си замине.
Веќе четири години опозицијата и бунтовници се обидуваат да го соборат Асад и не се расположени за компромис.
Тие се сомневаат на меѓународната иницијатива за изнаоѓање политичко решение на војната, која доведе до смрт на 250 000 луѓе. Тие стравуваат дека здружените Асад, Русија и Иран ќе ги измамат западните држави. И според нив започнатите преговори минатата недела во Виена не треба да се продолжат до бескрај.
Во преговорите учествуваат 17 држави, вклучувајќи ги САД, Русија и Иран.
Опозициските водачи велат дека на Техеран не треба да му се дозволи да продолжи да учествува во преговорите, ако не ја прифати договорената поддршка на ОН во 2014 година. Женевскиот комитет го стави условот Асад да ја предаде власта.
Политичарите од Сириската национална коалиција (СНК) ги разгледуваат преговорите како маневар на меѓународните играчи, и велат дека без учество на СНК или владата на Асад преговорите се бескорисни.
Некои од учесниците во преговорите во Виена предвидуваат неколку месеци подготвителен период помеѓу преговорите за мир и формирање на нова преодна влада во Сирија.
Асад треба да се повлече
Закарија Малахефджи, портпарол на бунтовничката алијанса „Армија на светите војни“, изјавил дека се бореле во Сирија и никогаш нема да прифатат Асад да остане на власт за време на транзицијата. И дека нема да го прифатат останувањето на некој од внатрешниот круг на режимот на Асад или од тајните служби, бидејќи имаат „крв на рацете“.
Малкумина Сиријци, политичари, активисти или борци веруваат дека во оваа фаза е можно постигнување на договор за мир.
Тие го истакнуваат спорот помеѓу Саудиска Арабија и Иран - Техеран се закани дека ќе се повлече од планираниот круг од преговорите - и посочуваат дека околностите се против изнаоѓање политичко решение, особено откако Русија се интервенира во борбите во поддршка на Владата на Башар Асад.
Со зголемувањето на бројот на загинатите, шансите за постигнување договор изгледаат се повеќе мрачни.
