СИРИСКИ ТЕРОРИСТИ ВО РАЦЕТЕ НА ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Планирале да напаѓаат на Божиќ
Полицијата во Германија уапси шест Сиријци осомничени дека подготвувале терористички напад за божиќните празници.
Тие биле поврзани со организацијата „Исламска држава“.
Сиријците се уапсени во акција на 500 полицајци во осум станови во Касел, Хановер, Есен и Лајпциг.
Четворица од уапсените дошле во Германија во 2014 година, додека другите двајца пристигнале во август и септември 2016 година. Сите поднеле барања за азил.
Според ДПА, уапсените планирале напад врз божиќен панаѓур во градот Есен. Тие планирале да извршат напади со оружје и експлозиви.
Слично
