Сириски бегалци сакаат да станат христијани, за побрзо да избегаат од војната
За да си го олеснат патот и што побрзо да избегаат од воените жаришта во Сирија, бегалците сакаат да преминат во Христијанство.
Ова го велат сириски бегалци кои разовараат со Би-Би-Си, чекајки покрај турскиот брег на Егејско Море на шверцерите на луѓе, кои треба да им обезбедат префрлање до грчките острови.
Таму тие признаваат дека биле измамени од шверцери кои им зеле пари и исчезнале. Но, сепак тие се спремни да дадат и богатство, само што побрзо да заминат подалеку од војната.
Една брачна од Сирија велат дека ќе се откажат од Исламот само за што побрзо да заминат кон Западот и ЕУ.
Би-Би-Си пишува дека бегалците христијани имале предност за влез во некои земји.
Земји како Словенија и Чешка на пример, кои од сите земји примиле најмалку муслимани на своја територија.
