Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириски бегалец презадоволен од Меркел - Со две сопруги во Германија

Сириски бегалец презадоволен од Меркел - Со две сопруги во Германија

Документарецот за сирискиот бегалец во Германија, кој среќно живее на државни прилози со неговите две сопруги и шест деца, многу ги налути германските граѓани бидејќи тоа е земја каде полигамијата е против законот.

Во филмот кој беше емитуван на Шпигел ТВ во текот на викендот, беше раскажана приказната за 32-годишниот Ахмад А., кој избегал од сириската борба во Алепо во 2015 година со своето големо семејство и пронајде засолниште во Шлезвиг-Холштајн,северна Германија.

Човекот сега живее во двокатна куќа обезбедена од државата со две жени и шест деца. И покрај тоа што полигамијата е нелегална во Германија, на Ахмад му беше дозволено да ја донесе својата втора сопруга во земјата, која што е мајка на четири од неговите деца.

Властите не беа ни преплашени од фактот дека Сириецо се оженил со својата втора сопруга, Лина, кога имала само 13 години, што е не е дозволено во Германија. Неговата прва жена, Бетол, била на возраст од 14 години во времето кога го склучиле бракот.

Ахмад, исто така, има и трета сопруга во Сирија, но кога тоа го раскажал на новинарите на телевизијата Шпигел, низ шега рекол дека куќата треба да биде поголема за и таа да дојде и да биде со нив.

Неговите две жени Лина и Бетол изјавиле дека се среќни што имаат заеднички брачен партнер, и дека тоа е "Божјата волја" за да бидат такви работи. Самиот Ахмад исто така не гледа проблем да има неколку сопруги, како што е во согласност со шеријатскиот закон, кој го следи.

Семејството на Ахмад живее во социјална куќа која му е дадена од страна на државата. Државата исто така на семејството му обезбедува и приходи.

"Има поддршка тука. Тие ни даваат социјални бенефиции, ни ја даваат оваа куќа ", рече Ахмад, додавајќи дека Германија била неговата посакувана дестинација кога ја напуштил својата држава.


„Ви благодарам многу, многу, многу, Мама Меркел. Таа е единствената личност која ги почувствува страдањата на Сиријците. Им се заблагодарувам и на Германците, и покрај тоа што  меѓу нив има и многу расисти“, изјавил Ахмад..

Семејството доби статус бегалци- три години, што му овозможува на Ахмад, кој е неписмен и неквалификуван работник, да почне да бара работа. Но, тој вели дека повеќе сака да остане дома со своите деца. Тој дури не е свесен за висината на придобивките што ги добива од страна германската држава. "Не знам. Парите се префрлени само на мене. Одам во банка и ги земам ", рече Ахмад.

Сепак голем дел од граѓаните сметаат дека случајот и начинот на живот на Ахмад , се спротивни на германската традиција и легислатива. Еден корисник на Твитер истакна дека тие како граѓани на германија за односи со 13-годишниците се обвинети за педофилија во земјата“

 "Втората жена е речиси дете"; „Некои граници мора да се почитуваат. Ова ќе заврши лошо ", велат корисниците на социјалната мрежа. Еден коментатор дури рекол дека чека да дојдат канибали во Германија со цел да се види дали државата ќе покаже исто почитување и на нивната култура.

Слично

Поврзани вести