Сириската војска опколила над 2000 терористи, се спрема голема битка!
Сириската војска соопштила дека го опколила градот Салму на северозападот на Сирија во кој останале околу 2000 терористи, додека останатите се убиени или се повлекле.
„Го опколивме градот кој е стратешка важност, а го заздедовме и местото во близина на Салму“, изјавил извор, а пренесува „Спутник“.
Во текстот на овој медиум се наведува дека пред почетокот на офанзивата од сириската војска во овој дел од земјата се наоѓале околу 10 000 борци, додека сега се останати нешто помалку од 2000 илјади, од кои, како што изјавил изворот, има многу дојденци од Кавказ.
Салму е стратешки град на северозападот на Сирија во провинцијата Латакија, а по тој пат и води магистралниот пат до турската граница.
Точно во тој дел на Сирија турскиот ловец Ф-16 го собори рускиот бомбардер Су-24, а на истото место и три руски новинари биле ранети.
