Сириската опозиција сепак ќе учествува на преговорите во Женева
Најголемата сириска опозициона коалиција се согласила да учествува на мировните преговори во рамки на ОН, и нивната делегација и во Женева треба да пристигнат денес или утре.
Сириската опозиција одлуката за учество на преговорите со претставницте на сирискиот режим Башар ал Аласад ја донела вчера, после четири дена преговори во Ријад.
„Во Швајцарија ќе отидат помеѓу 30 и 35 претставници на опозицијата“, рекол неименуван претставник за Франс прес.
Оваа коалиција е формирана во декември во Ријад. Досега одбивала да учествува на преговорите во Швајцарија, додека , како тврдат, не престанат бомбардирањата на цивили и додека не се запре опсадата на сириските градови под контрола на опозицијата.
Коалицијата гаранции добила и од САД и Саудиска Арабија рекол еден друг претставник на сириската опозиција. Тие се однесуваат на примена на резолуција 2254 од Советот за безбедност на ОН која предвидува престанок на бомбардирање на цивилни зони и овозможување на хуманитарните организации да им пријдат на местата под опасада.
