Сириската армија со руска помош елиминираше џихадисти
Во операција на сириските командоси, со поддршка на руски воени авиони и хеликоптери, убиени се 25 припадници на џихадистичката групација Исламска држава во централна Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Во таа операција, во североисточниот дел на провицнијата Хомс, се убиени и шест припадници на силите на сириската Влада, додава Центарот, со седиште во Лондон.
Анонимен извор изјави дека операцијата е извршена 20 километри внатре во територијата на Даеш.
Таа операција им помогнала на силите на Башар ал Асад да ја повратат контролата врз три села во таа област.
Сириската војска презела големи делови од територијата од рацете на џихадистите во таа провинција, а според Опсерваторијата, ИД сега контролира само десетина села во источен Хомс.
