Сириската армија презеде контрола над клучни височини во близина на границата со Турција
Сириската армија ја продолжува својата голема офанзива против позиции на "Исламска држава" во голем број провинции, и веќе владее со клучни височини во близина на турската граница. Ова го објави портпаролот на сириската армија, цитиран од руските медиуми.
Според бригадниот генерал Али Меихуб владини војници, поддржани од локалните милиции, нападнале позиции на "Исламска држава" во провинциите Хомс и Алепо, ослободувајќи две села северно од Хомс и пет села јужно од Алепо.
"Како резултат на нападите врз позициите на екстремистите, десетици терористи биле убиени или повредени", откри ген.Меихуб.
"Нашите вооружени сили исто извршија борбени мисии во областите во близина на турската граница, преземајќи контрола над клучните височини", додаде генералот.
Сириската армија тргна во контранапад на "Исламска држава" во провинцијата Деир .
