Сириска ракета падна во Турција, ранети двајца
Најмалку две лица се ранети денеска кога ракета испалена од Сирија падна на турска територија и го погоди пограничниот град Килис, јави турската приватна агенција Доган.
Агенцијата Ројтерс пренесе дека овој град повеќе пати бил мета на прекугранични гранатирања. Во март се ранети двајца луѓе, меѓу кои и едно дете, а се верува дека нападот го изврши Исламска држава.
Турскиот весник Хуриет јавува дека два проектили го погодиле Килис. Како што наведува весникот тоа се случило пред 9 часа по локално време. Специфично за југоисточниот турски град Килис е тоа што вдоми голем број бегалци.
Слично
