Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРИЈЦИТЕ ТВРДАТ: Имаме фотографии од нафтениот договорот меѓу Турција и ИСИС

СИРИЈЦИТЕ ТВРДАТ: Имаме фотографии од нафтениот договорот меѓу Турција и ИСИС

Сириската армија тврди дека има фотографии од договорот за купување нафта, кој Турција го потпишала со терористичката организација ИСИС.

Генералот на Слободната сириска војска Хосам ел Авак потврди дека тие поседуваат доказ дека Турција купува нафта од Исламската држава.

„Имаме фотографии од нафтениот договор меѓу Турција и ИСИС. Исто така имаме и фотографии  кои сведочат за купување на возила „Тојота”, на кои се гледа знакот на катарскиот дистрибутер на возилата ‘al-Ghanem. Овие автомобили се увезени во Сирија заедно со оклопни возила, кои терористите ги користат за превоз” – изјави Авак.

Генералот тврди дека екстремистичките исламистички организации добивале поддршка од Турција и пред појавувањето на ИСИС.

„Од самиот почеток на сириската криза во 2011 година, Турција ги поддржува исламистите и терористите во Сирија на секој можен начин против умерените групи“, тврди генералот Хосам ал-Авак.

Инаку, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги демантираше сите обвиненија за шверц на нафта од ИСИС, и најави негова оставка ако тоа се докаже.

Слично

Поврзани вести