Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРИЈЦИ, УКРАИНЦИ, ТУРЦИ: Koлку странци лани добиле германски пасош?

СИРИЈЦИ, УКРАИНЦИ, ТУРЦИ: Koлку странци лани добиле германски пасош?

Рекорден број странци добилe германски пасош лани. Цели две децении немало толку многу жители. 

Станува збор за повеќе од 168.000 странци кои добија германски пасош, што е најголема бројка во последните 20 години. Тоа е за 28 отсто повеќе од претходната година, објави Сојузниот завод за статистика во Визбаден, пренесува „Дојче веле“.

Минатата година германско државјанство добиле 168.545 лица, од 171 националност и со тоа го оствариле правото да добијат германски пасош.

Повеќето од нив се дојденци од Сирија. Со учество од 29 отсто, 48.300 сириски државјани ја сочинуваат најголемата група натурализирани лица во текот на изминатата година. Зад Сиријците се Украинците, Ирачаните и Турците. Се очекува дека и оваа година ќе има прилив на население од други земји во Германија. Државата ја олесни процедурата за добивање државјанство, затоа што има потреба од работна сила. 

Слично

Поврзани вести