Сиријци ги надмудрија џихадистите – борба со труење со храна
Десетина борци на Исламската држава починаа откако припадници на Слободната војска на Сирија се уфрлиле во нивниот камп, и тоа како готвачи, па им ја отруле храната.
Група сириски бунтовници се преправале дека се следбеници на исламските радикали и се приклучиле на кампот Фатх Ел-Сахел како готвачи. На овој начин се обиделе да убијат колку што е можно повеќе џихадисти, ставајќи им отров во храната.
Во кампот имало околу 1.200 милитанти. Десетина починале како последица на труењето, а уште 15-тина биле префрлени во болница.
Слично
