Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРИЈА: Во воздушните напади гинат џихадисти, ама и цивили

СИРИЈА: Во воздушните напади гинат џихадисти, ама и цивили
Во најновите напади на коалициските сили врз позиции на Исламската држава во Сирија синоќа се убиени 14 џихадисти и петмина цивили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон. САД и арапските сојузници синоќа, трета ноќ по ред, ги продолжија воздушните напади врз џихадистичките позиции. Цел на нападот биле нафтените комплекси кои се под контрола на Исламската држава во источна Сирија, а со тоа меѓународната коалиција се обидува да ги остави џихадистите без приходите од нафтата. Во нападите биле погодени нафтените капацитети во близина на местата Мајадин, Хасак и Абу Камал, соопшти американската војска. Силите на Исламската држава во Сирија, пак, објавија видео снимка од нападот на џихадистите врз курдскиот град Кобане. Според босанските медиуми, снимката е уште еден доказ дека доброволци од балканските земји се борат на страната на ИСИЛ. Имено, на дел од снимката се слуша разговор меѓу џихадистите на босански јазик: http://www.youtube.com/watch?v=r5ubKub2OVA
Слично

Поврзани вести