Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРИЈА СО БАРАЊЕ ДО РУСИЈА: Eкстрадирајте го Асад

СИРИЈА СО БАРАЊЕ ДО РУСИЈА: Eкстрадирајте го Асад

Сириските власти бараат Русија да им го екстрадира соборениот сириски претседател Башар Ал -Асад кој таму доби азил во декември 2024 година. 

Сирискиот лидер Ахмед ал Шара побара од Москва да го екстрадира поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, кој по падот на неговиот режим побегна во Москва, пренесе Еуроњуз.

Сириската новинска агенција Сана пишува дека Дамаск сака Русија, која го поддржуваше Асад во граѓанската војна, да ја обнови довербата со сириските лидери преку „конкретни мерки како компензација, реконструкција и закрепнување“.

На прашањето да потврди дали од Русија било побарано да го екстрадира Асад и да плати отштета, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира. На 8 декември лани, бунтовниците го соборија режимот на Асад. 

Слично

Поврзани вести