Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРИЈА: Крвта и урината на загинатите покажа дека имало хемиски напад, што е следно?

СИРИЈА: Крвта и урината на загинатите покажа дека имало хемиски напад, што е следно?

Американски претставници добија примероци од крвта и урината на жртвите на хемискиот напад во Сирија. Се покажа дека во Дума било употребено хемиско оружје, објави американската телевизија TV MSNBC.

Според она што го објави телевизијата, тестовите на примероците се позитивни на хемикалии, пред сѐ на хлор, а некои и на нервен агенс.

Во меѓувреме, сирискиот амбасадор во Обединети нации, Башар Џафри изјави дека два истражителски тима на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) треба да пристигнат во Сирија поради истрага за наводниот напад во Дума.

ОПЦВ потврди дека нејзини инспектори од сабота ќе почнат со работа на терен во Сирија.

Неименуван извор од сириското Министерство за надворешни работи изјави дека Западот се обидува да ја опструира задачата на мисијата на ОПЦВ и „да се вмеша во нејзината работа“.


Слично

Поврзани вести