Сирија егзекутираше 24 луѓе поради пометнување на шумски пожари
24 луѓе кои се осудени за подметнување шумски пожари се убиени во Сирија.
Дека овие луѓе се егзекутирани информираше Министерството за правда. Се наведува дека се „погубени криминалци кои извршиле терористички напади што доведоа до смртни загуби и уништување на инфраструктурата и јавниот имот“. На истата основа, уште 11 луѓе се осудени на доживотен затвор. Во шумските пожари лани загинаа тројца луѓе, а изгореа илјадници хектари шума.
Во Алжир оваа година, луѓето линчуваа маж кој бил осомничен за подметнување пожар. Во повеќе европски земји ова лето имаше големи шумски пожари.
Слично
