Сирија бара од ОН да спречи секаков вид на агресија врз земјата
Oткако американскиот претседател Барак Обама, повика на напад на сириската армија како одговор на наводните напади со хемиско оружје, официјален Дамаск, денеска, од Обединетите нации, побара да спречи секаков вид на агресија врз Сирија, објави сириската државна агенција САНА.
Сирискиот претставник во ОН, Башар Џафари, во писмо испратено до генералниот секретар Бан Ки-Мун и претседавачот со Советот за безбедност на ОН, Марија Кристин Персевал, го повика генералниот секретар да го преземе својот дел од одговорноста во спречување на секаков вид агресија врз Сирија и да продолжи со напорите за постигнување политичко решение за кризата во земјата.
Џафари, исто така, го повика СБ на ОН да продолжи со својата улога на безбедносен вентил за спречување на апсурдна употреба на сила, што излегува надвор од рамките на меѓународниот легитимитет.
Слично
