Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириец стана херој во Германија – врати заборавени 150 000 евра

Сириец стана херој во Германија – врати заборавени 150 000 евра

Дваесет и петгодишен бегалец од Сирија беше прогласен за херој во Германија, откако врати 150 000 евра во полицијата.

Тој ги нашол парите  околу 50 000 евра во готово и штедни книшки со повеќе од 100 000 евра, скриени под табла во шкаф, донирани од страна на добротворна организација.

Сириецот веднаш ги информирал локалните власти, кои потоа ги предале парите во полицијата во градот Минди. Пред полицијата објаснил како ги нашол парите во мебелот. Сирискиот бегалец прво помислил дека банкнотите не се вистински, но по брза проверка на интернет се уверил дека се работи за вистински пари.

Според полицијата бегалецот пристигнал во Германија во октомври минатата година. Тој ја напуштил татковината, каде го оставил семејството. Во моментов Сириецот посетува часови по германски јазик и планира да се школува во Германија.

Слично

Поврзани вести