Сириецот осомничен за планирање атентат се самоуби
Сирискиот имигрант Џабер ал Бакр, кој беше осомничен за планирање на бомбашки напад на аеродром во Берлин, се самоуби во својата ќелија во притвор во Лајпциг, соопшти Министерството за правда на провинцијата Саксонија, цитирано од Ројтерс.
Според истрагата 22-годишниот Ал Бакр, кој пристигнал во Германија минатата година, подготвувал напад слично на оние во ноември во Париз или во март во Белгија.
„Вечерта на 12 октомври 2016 година Џабер ал Бакр, кој беше осомничен за планирање на тежок напад, се самоуби во притвор во Лајпциг" - се вели во соопштението на сајтот на Министерството.
Сајтот „Шпигел онлајн" соопшти дека Ал Бакр бил под постојан надзор во притвор во Лајпциг, бидејќи постоел ризик за самоубиство. Засега не е јасно како успеал да се самоубие.
Според извори на ДПА Сириецот се обесил.
