Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириец е првата идентификувана жртва од големиот пожар во Лондон

Сириец е првата идентификувана жртва од големиот пожар во Лондон

Сирискиот бегалец Мохамед Алхајали (23) е првата идентификувана жртва од големиот пожар во Лондон, во кој досега се регистрирани 17 загинати лица. Тој и неговиот брат живееле на 14 кат во станбениот облакодер „Гренфел Тауер“.

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, соопшти дека ќе биде спроведена целосна истрага за пожарот што се случи во кулата. 

Градоначалникот на Лондон,  Садик Кан, вели дека граѓаните на западен Лондон се лути и загрижени по страшниот пожар кој го „проголта“ облакодерот. 

„Разбирливо, граѓаните се многу лути и загрижени”- изјави Кан по средбата со полицајците, пожарникарите и локалните жители во близина на изгорената кула.

Тој рече дека слични блокови на згради во Лондон треба да бидат испитани од безбедносен аспект за да се смират граѓаните.

Слично

Поврзани вести