Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сирени во Киев, ширум Украина одекнуваат експлозии (ВИДЕО)

Сирени во Киев, ширум Украина одекнуваат експлозии (ВИДЕО)

Во Киев утрото се огласија сирените за воздушниот сообраќај. Ова е трет ден на руски воздушни напади. Во текот на ноќта, но и утрото, експлозии одекнаа низ цела Украина.

Непозната направа експлодирала рано утринава на влезот од пазарот во Мелитопоље. Повредени нема, но причинета е голема материјална штета. Исто така, во текот на ноќта и утрото се регистрирани неколку експлозии во Миколаев и Никопол, јавуваат украинските медиуми.


Пет експлозии одекнаа утрово во украинскиот град Херсон, јавија руските медиуми, додавајќи дека според неофицијални информации, активирани се противвоздушни системи.

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека земјата добила серија од уште четири високомобилни артилериски ракетни системи HIMARS од САД.

„Благодарен сум на американскиот претседател Џозеф Бајден, на секретарот за одбрана Лојд Остин и на граѓаните на САД за зајакнувањето на украинската армија“, напиша тој на Твитер.

Досега Украина има добиено 16 системи HIMARS од САД, како и 10 MLRS системи од други сојузници, пренесува Ukrinform.


foto: Twiter

Слично

Поврзани вести