Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНОВАК НЕУПОТРЕБЛИВ ПРОТИВ ОМИКРОН: Минимален процентот на ефикасност и на Фајзер и АстраЗенека

СИНОВАК НЕУПОТРЕБЛИВ ПРОТИВ ОМИКРОН: Минимален процентот на ефикасност и на Фајзер и АстраЗенека

Повеќе лабораториски студии покажаа дека новиот вид на корона вирусот ја нарушува заштитата на антителата обезбедени од две дози од која било вакцина.

Две дози од кинеската вакцина Синовак не се доволни за да се произведат доволно антитела за да се заштити телото од новата варијанта омикрон, објавија научници од Хонг Конг.

Наодите од студијата објавена од Универзитетот во Хонг Конг предизвикаа загриженост бидејќи омикрон се шири многу брзо во многу делови од светот, а новиот вид го покрена прашањето за ефикасноста на кинеските вакцини и способноста на Пекинг да го држи вирусот под контрола. пренесува Јутарњи. хр.

„Кинеските вакцини против омикрон се уште понеефикасни отколку што беа порано. Предизвикот за кинеските власти ќе биде повторно ангажирање на своето население да се согласи на уште една рунда вакцини “, рече Николас Томас, вонреден професор од областа на кинеска надворешна политика и здравствена безбедност во Азија на Универзитетот во Хонг Конг.

Студијата во Хонг Конг ги тестирала нивоата на антитела кај 25 луѓе кои ги примиле двете дози на инактивираната вакцина Синовак и открила дека ниту еден од учесниците нема доволно антитела за да ја неутрализира новата варијанта.

Спротивно на тоа, пет лица од групата од 25 лица кои примиле две дози Фајзер имале неутрализирачки антитела што може да се детектираат, за кои истражувачите велат дека имаат ефикасност помеѓу 20 и 24 проценти против омикрон. Минатата недела Фајзер објави дека три дози од нивната вакцина ќе можат да го неутрализираат омикронот. Одделни прелиминарни студии од Универзитетот во Оксфорд и Медицинскиот универзитет во Инсбрук открија дека многу луѓе вакцинирани со две дози на АстраЗенека не произведуваат никакви мерливи неутрализирачки антитела против омикрон. Сепак, експертите посочуваат дека оние кои биле двапати вакцинирани, сепак ќе задржат одредена заштита од тешката форма на болеста, бидејќи во тоа посредуваат Т и Б лимфоцитите, односно стекнатите имунолошки клетки, а не антителата.

Келвин То, еден од истражувачите од универзитетот, изјави за Фајненшл тајмс дека допрва треба да се утврди дали оние кои биле двапати вакцинирани со Синовак треба да се префрлат на друга бустер вакцина.


Слично

Поврзани вести