Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНОТ НА ЕРДОГАН УБЕДУВА: Не соработуваме со терористите

СИНОТ НА ЕРДОГАН УБЕДУВА: Не соработуваме со терористите

Билал Ердоган, синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги демантира сите обвиненија дека неговото семејство шверцува нафта од Исламската Држава.

-„Мојата компанија се занимава со градежништво и ѕидање на деловни објекти во Истанбул. Ние не делуваме во Средоземното Море, како ни во Сирија, ни во Ирак”- рече Билал Ердоган.

Тој потврди дека неговиот брат се занимава со транспорт, но демантираше и негова вклученост во нелегален фверц на нафта.

„ИД е непријател на мојата земја, ИД е срам, таа ја претставува мојата вера во лоша опција. Тие не го претставуваат исламот и јас не ги сметам за муслимани”- наведува Билал

 Синот на Ердоган го доби прекарот „министер за нафта на ИСИС” поради многубројните обвиненија против него и неговото семејство дека се бизнис партнери со терористите.

Пред помалку од еден месец сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем изјави дека синот на турскиот претседател е вмеѓан во нелегална трговија со нафта со Исламската држава.

Со вакво обвинение излезе и Русија, која рече дека наскоро ќе објави и докази дек Турција соработува со ИСИС во шверц на нафта.

Турскиот претседател пак, Реџеп Таип Ердоган ги  демантираше сите обвиненија и најави негова оставка ако се докаже спротивното.

Слично

Поврзани вести