Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синоокиот Рамбо ја „вжешти“ состојбата во Венецуела

Синоокиот Рамбо ја „вжешти“ состојбата во Венецуела

Зад нападот со полициски хеликоптор со кој беше гранатирана зградата на Врховниот суд во Венецуеала стои 36 годишниот полициски специјалец и разузнавач Оскар Перез кој стана вистински хит на социјалните мрежи ширум светот. Најпрво поради неговиот физички изглед го нарекоа Синоокиот Рамбо, а второ поради неговата герилска акција со која влезе во директен конфликт со претседателот Николас Мадуро. 

Перес ги повика сите граѓани на вооружен бунт против диктатурата на социјалистот Мадуро за што веќе е формирана коалиција од сили на полицијата, војската и цивилните служби. 

- Имаме два избори: да ни судат сопствената совест и народот или денес да тргнеме во борба за ослободување од корумпираната власт, рече Перез.

Хеликоптерот со кој Перез ги нападна Врховниот суд и министерството за внатрешни работи на себе имаше транспарент на кој пишуваше „350 слобода“ (350 Libertad), што е референца на членот 350 од венецуелскиот устав во кој стои: „Во согласност со републиканската традиција и борбата за независност, мир и слобода, венецуелскиот народ нема да признае ниеден режим, закон или авторитет кој се противи на демократските вредности, принципите и гаранциите или ги поткопува човековите права“.

Мадуро нападот со хеликоптерот на државната телевизија го нарече „терористички“ и кажа дека станувало збор за „обид за пуч“. Исто така смета дека зад бунтовниците стојат ЦИА и американскиот претседател Доналд Трамп кои прават обиди да ја сменат власта во Каракас.

Во Венецуела веќе со месеци се одржуваат антивладини протести кои ескалираа и станаа многу насилни со бројни жртви.


Слично

Поврзани вести