СИНОЌА СЛАВЕА, ДЕНЕС СЕ ГУШАТ: Видете како изгледа денес Делхи - прекриен со смог по големиот хинду празник (ВИДЕО)
Жителите на индиската престолнина Делхи утрово се разбудија во град покриен со смог, бидејќи квалитетот на воздухот значително падна по синоќешната прослава на хиндускиот празник Дивали, познат и како фестивал на светлата.
Би-би-си јавува дека луѓето фрлале петарди и други пиротехнички средства доцна во ноќта и покрај тоа што властите забраниле огномет поради и онака високото ниво на загаденост во градот.
Се вели дека Делхи со недели се бори да се справи со токсичниот воздух, што ја натера индиската влада да прогласи порано почеток на зимскиот распуст за учениците од училиштата за да ги заштитат децата.
India’s Supreme Court has banned firecrackers in India due to deadly air pollution but this is the way people in Delhi celebrating Diwali! pic.twitter.com/ho0satPaPY
— Ashok Swain (@ashoswai) November 12, 2023
Воздухот во Делхи е загаден во текот на целата година поради различни фактори, вклучително и издувните гасови од автомобилите и прашината.
Но, проблемот се влошува со доаѓањето на зимата кога земјоделците во соседните индиски држави почнуваат да палат стрништа.
Поради протокот на ветрови на пониски височини, загадувачите, вклучително и оние што ги произведуваат петардите, остануваат во долниот дел на атмосферата, што им го отежнува дишењето на луѓето.

Фото: EPA-EFE/RAJAT GUPTA
