Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНОЌА: Меркел телефонски разговараше со Путин

СИНОЌА: Меркел телефонски разговараше со Путин
Германската канцеларка ангела Меркел синоќа во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја истакнала важноста на целосно повлекување на руските сили за мировниот процес во Украина. Како што соопшти германската Влада, Меркел потенцирала дека „целосното повлекување на руските сили и ефикасната контрола на руско-украинската граница се пресудни за трајно решавање на судирите“. Мировниот процес во Украина вчера одново беше загрозен откако беа обновени судирите на украинската војска и проруските сепаратисти, а двете страни меѓусебно се обвинија за кршење на примирјето. Меркел во разговорот со Путин побарала продолжување на тристраните разговори меѓу ЕУ, Русија и Украина околу спорот за цената на гасот. Русија вчера одби раљзговорите да продолжат на 20 септември.
Слично

Поврзани вести