СИНОФАРМ ИСТРАЖУВА: Можеби ќе биде потребна и трета доза од кинеската вакцина
Кинеската
фармацевтска компанија „Синофарм“ објави дека по проценката на резултатите од
третата фаза на клиничкото испитување во странство, ќе одлучи дали и кога е
потребно да се дадат три дози од нивната вакцина против корона вирусот, наместо
две, како што е сега.
Регулаторите и производителите на вакцини размислуваат дали е потребна трета доза на кинеската вакцина, поради загриженост дека новите соеви на коронавирусот може да ја ослабнат заштитата создадена од вакцината развиена врз основа на постарите соеви, пренесува Ројтерс.
Потпретседателот на филијалата на Синофарм ЦНБГ, Ханганг Јунтао, изјави дека „прелиминарните резултати покажуваат дека дополнителната ревакцинација може да го зголеми бројот на антитела и истовремено да ја подобри способноста на вакцината да се одбрани од мутациите на вирусот.
-Одговорот на прашањето дали е неопходна дополнителна доза и кога треба да се даде, ќе се заснова на резултатите од претстојната трета фаза на клинички испитувања, рече Јунтао.
Антителата кои се произведуваатод две дози од вакцината на Синофарм имаат „многу добар“ неутрализирачки ефект врз британскиот и јужноафриканскиот сој и на уште неколку други, посочи тој.
Во тек е и тестирање на ефикасноста на вакцината против видови на корона вирусот откриени во Бразил и Зимбабве.
