Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сингапур има најдобри услови за бизнис

Сингапур има најдобри услови за бизнис

Светска банка го стави  Сингапур прв на листата за бизнис клима, додека Чад го смести на самото дно, објави банката во Вашингтон, и покрај критиките и противењето на Кина.

Рангирањето на Светската банка „Дуинг бизнис“ ја анализира рамката, која ја налагаат регулативите за бизнисот на малите и средни претпријатија во 189 земји.

Експертите на Светската банка ги оценуваат најмногу условите, во кои тие можат да ја започнат дејноста, за да имаат пристап до кредити и да плаќаат даноци.

Врз основа на резултатите, добиени од 10.000 бизнисмени, институцијата прави рангирање кое и оваа година го стави Сингапур на врвот, лидер од 2007 година. По него следуваат Хонгконг, Нов Зеланд, САД и Данска.

На листата од 10-те најдобри економии со најдобри регулативи за водење бизнис се и Малезија, Јужна Кореја, Грузија, Норвешка и Обединетото Кралство.

Слично

Поврзани вести