Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНГАПУР ДОЛГО ВРЕМЕ Е ПРВ: Кои се десетте најскапи градови во светот?

СИНГАПУР ДОЛГО ВРЕМЕ Е ПРВ: Кои се десетте најскапи градови во светот?

Составена е листа со десетте најскапи градови во светот.

Сингапур и Цирих се најскапите градови оваа година, покажа Економист Интелигенс Унит (ЕИУ), истражувачки и аналитички огранок на Економист Груп, во глобалното истражување за трошоците на животот објавено оваа недела.

Сингапур е лидер по скапотија и тоа деветти пат во последните 11 години. Има најголеми транспортни трошоци во светот и е еден од најскапите градови за облека, намирници и алкохол, 

Цирих од шестото место сега котира високо и се изедначи со Сингапур поради зголемените цени на храната, производите за домаќинство и рекреативните производи, како и швајцарскиот франк. Њујорк е на третото место, заедно со швајцарскиот град Женева, додека Хонг Конг е петти.

Париз, Копенхаген, Лос Анџелес, Сан Франциско и Тел Авив ги заокружија првите десет. Истражувањето е спроведено пред минатомесечната ескалација на непријателствата во Газа. 

foto freepik.com/vwalakte

Слично

Поврзани вести