Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНЏИРИ, ЗАВРТКИ, СЛУШАЛКИ: Во стоматокот на Индиец лекарите нашле 60 предмети

СИНЏИРИ, ЗАВРТКИ, СЛУШАЛКИ: Во стоматокот на Индиец лекарите нашле 60 предмети

Во стомакот на 35 годишен Индиец се најдени 60 предмети. Јадел остри предмети и затоа има рани во стомакот. 

Мaж од Индија, кој две години страда од болки во стомакот, ги зачудил лекарите кои во неговиот стомак пронашле повеќе од 60 предмети кои се користат во домаќинствата, пишува Њујорк Пост. Кулдип Синг дошол во болницата велејќи дека со месеци има треска.

Хирургот Ануп Ханда и гастроентерологот д-р Вишавнур Калра му направиле операција која траела три часа. Пациентот сѐ уште е на респиратор и е во критична состојба.

„За време на рендгенот, најдовме синџири, навртки, завртки, слушалки и многу други предмети во стомакот“, изјави Ајмер Синг Калра, директор на болницата „Мога Медисити“ во Мога, каде што се лекува човекот.

Лекарите му дијагностицирале ментална болест поради која компулсивно голта други предмети освен храна. Според нив, болеста е најчеста кај малите деца, трудниците и лицата со психијатриски пореметувања, меѓу кои аутистичен спектар, интелектуална попреченост или шизофренија.

Слично

Поврзани вести