„Сименс“ влегува во трката за „Алстом“?
Германската група „Сименс“ може да предизвика изненадување во плановите за купување на дел од активностите на француската група „Алстом“ од страна на американската група „Џенерал Електрик“.
„Сименс“ покажува интерес за купување на француската компанија во моментот кога првиот човек на „Џенерал Електрик“ се очекува да пристигне во Париз за да го потврди „дилот“ со „Алстом“, односно продажбата на енергетската индустриска гранка. Германската компанија испратила писмо со конкурентска понуда на онаа од „Џенерал Електрик“.
Германската компанија има двојна понуда, да ја купи енергетската гранка на „Алстом“, слично како „Џенерал Електрик“, но притоа предлага на „Алстом“ да му отстапи половина од својата гранка за производство на средства за транспорт.
Целта е да се зацврсти индустриската гранка за транспорт на „Алстом“, кој меѓу другото ги гради и ТГВ (возовите за голема брзина) во Франција и со тоа се создаваат два европски гиганти, првиот во енергетската област, вториот во транспортот.
Ваквото сценарио според француските медиуми и се допаѓа на француската Влада, која се обидува да ја реактивира можноста за сојуз или фузионирање на некои активности на „Алстом“ со тие на „Семенс“, со цел да се создаде „голема француско-германска компанија за енергетската транзиција“.
Слично
