Сименс ќе затвори 7.000 работни места во Германија
Германската компанија Сименс која покрена програма за штедење за да ја зголеми рентабилноста, планира да затвори околу 7.000 работни места во Германија, пренесе германскиот весник Ханделсблат.
- Според наводите на вработените во компанијата, во Сименс околу 7.000 работни места ќе бидат затворени - пишува германскиот весник, кој не ја исклучува можноста од социјален конфликт во фирмата во следните месеци.
Меѓутоа, портпаролот на Сименс, одбива да ги коментира наводите за планираниот број за отпуштање.
Слично
