Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИМБОЛ НА СТРАДАНИЕТО: Животната приказна на девојчето што го преживеа ужасот во Виетнам

СИМБОЛ НА СТРАДАНИЕТО: Животната приказна на девојчето што го преживеа ужасот во Виетнам

Живиот симбол на војната во Виетнам, конечно доби шанса да се ослободи од болката во која со децении живее, од изгорениците од напалм бомбата.

Ким Пук, девојчето од фотографијата која ја знае цел свет, денеска сведочи за ужасот во Виетнам во 1972 година.

На таа фотографија, Пук во агонија трча гола, неколку минути откако се запалила во бомбата.

Несреќата се случи кога војската на Јужен Виетнам, испушти напалм бомба на цивили во селото Шајгон.

Денеска Пук со ласерска операција, ги излече лузните од нејзиното тело, но сепак тоа изгледа далеку од нормалното.

12179417_10206668876473617_1311234749_n

684594_kim-phuc03foto-ap_ff

„ Со  години мислев дека оваа болка ќе си замине само кога ќе одам во рајот. Но, денес сум многу возбудена што барем колку толку раните заздравија” – вели Пук на излезот од клиниката за дерматологија и ласерска терапија.

Таа вели дека нејзините душевни рани никогаш нема да заздрават, но сепак се радува на новиот почеток.

„ Се сеќавам како викаше на цел глас: „Врело! Врело! Гори!” додека од нејзиниот грб паѓаа парчиња кожа. “ – раскажува фотографот што ја слика девојката.

За фотографијата „Напалм девојка”, фотографот Ник Ут доби и Пулицерова награда.

Ким Пук денес живее со маж и двајца синови во Торонто. Во следните години, таа редовно ќе патува во Мајами на дополнителни ласерски третмани.

Слично

Поврзани вести