Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силно невреме „коси“ во две европски држави

Силно невреме „коси“ во две европски држави

Две европски земји се на удар на силно невреме. 

Две лица се повредени во Чешка, кога врз нивната викендичка падна дрво. Во Полска едно дете е повредено на игралиште.

Поради паднати дрвја и гранки не сообраќаат возовите на 10 чешки пруги, а 140.000 домаќинства се без струја, додека во Полска скоро 160.000 домаќинства немаат струја. 

„Силен удар на ветрот собори дрво врз една викендичка. Повредени се две лица кои со итна помош се префрлени во болница“- изјавија денеска официјалните власти во Чешка.

Поради искинатите водови и хаварии без струја во Чешка вчера останаа 140.000 домаќинства.

Во соседна Полска, каде бурата најжестоко удри на југот на земјата, преку ноќта без струја останаа 159.100 домаќинства. Силната бура Фабијен парализираше неколку патишта и пруги низ земјата.

Полските пожарникари имаа 757 интервеници на терен. 

Слично

Поврзани вести