Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силниот долар ја урна цената на нафтата

Силниот долар ја урна цената на нафтата

Цените на нафтата денес во Азија паднаа, погодени од силниот долар и продолжува загриженоста во поглед на презаситеноста на пазарот.

Американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во октомври поефтинила за 58 центи, на 46,10 долари, откако претходниот ден во Њујорк порасна 4,1 одсто, додека сировата нафта „брент“ поефтинила 44  центи, на 48,48 долари, после вчерашниот скок во Лондон од 3,1 одсто, пренесува агенцијата Франс прес.

„Оправувањето на американскиот долар ги погоди цените на нафтата“, изјави пазарниот стратег на сингапурката компанија IG маркетс, Бернард Оу.

Силниот долар ја прави нафтата поизразена во таа валута да биде поскапа за купувачите кои ги користат слабите валути, што ја намалува побарувачката и доведува до падот на цената.

Трговците, исто така, се фокусирани на тоа дали Иран ги почитува договорите постигнати со западните сили за органичување на своите нуклеарни амбиции, во замена за укинување на санкциите кои ќе му овозможат на Иран извоз на количината на нафтата.

Официјален Техеран на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во понеделникот испратил примероци, кои ги собрале неговите експерти од воениот комплекс Пархин.  Примероците во текот на минатата недела се земени од „специфични делови“ на спомнатиот комплекс, на кој не присуствувале и инспектори на ИАЕА.

Слично

Поврзани вести