Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силни земјотреси погодија две земји во светот

Силни земјотреси погодија две земји во светот

Силни земјотреси ги стресоа Мексико и Камчатка. 

Земјотрес со јачина од 5,6 степени утрово го погоди јужниот дел на Мексико, објави Националниот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Салина Круз.

Земјотресот е почувствуван и во главниот град Мексико Сити, но нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Земјотрес од 5,5 степени е регистриран во Тихи Океан во близина на брегот на Камчатка на рускиот Далечен Исток. 

Епицентарот на земјотресот бил на 94 километри од градот Петропавловск-Камчатски. 

Слично

Поврзани вести