Силна соларна бура стигнува до Земјата
Голема експлозија која се случи на Сонцете како последица предизвика соларна бура која се движи кон Земјата, предупредија научниците. Тие истакнуваат дека, доколку дојде до удар, би можеле да настанат проблеми во работата на комуникациските и електричните системи.
Соларниот факел, кој се појави на Сонцето во средата, беше многу силен, со магнитуда каква набљудувачите не виделе со години. „Соларната бура, која доаѓа од центарот на најблиската ѕвезда до Земјата, претставува директна опасност за планетата“, предупредуваат експертите од научниот центар во Колорадо.
Бурата се движи кон Земјата со брзина од 4,02 милиони километри на час. Оваа појава нема поголемо влијание врз здравјето на луѓето, а најсилно се чувствува на Северниот пол. Но заради влијанието врз магнетното поле на Земјата, таа може да предизвика пречки во сателитските и радио-врските.
Соларната бура ќе има и една позитивна последица на земјата - поларното светло или т.н. Аурора Бореалис, ќе биде особено добро видлива во текот на викендот.
Слично
