Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛНА ПЕСОЧНА БУРА ГО ЗАФАТИ ИРАК, ПРОГЛАСЕНА ТРЕВОГА: над 800 луѓе побарале лекарска помош поради проблеми со дишењето

СИЛНА ПЕСОЧНА БУРА ГО ЗАФАТИ ИРАК, ПРОГЛАСЕНА ТРЕВОГА: над 800 луѓе побарале лекарска помош поради проблеми со дишењето

Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство.

Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ставени во состојба на висока тревога за да обезбедат соодветна медицинска нега и третман за настраданото население.

Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат повеќе градови, вклучувајќи ја и престолнината, целосно обвиени во густа портокалова магла.

Песочните бури се редовна појава во Ирак и најчесто се предизвикани од силните северозападни ветрови кои дуваат преку рамнините на реките Тигар и Ефрат во пустинскиот регион, особено во текот на потоплите месеци од годината. Сепак, земјата во последно време сè потешко се справува со последиците, со оглед на тоа што се соочува со голема суша.

Експертите посочуваат дека ова не е резултат само на глобалните климатски промени, туку и на погрешните домашни политики за управување со водите. Ситните честички прашина во воздухот драматично го влошуваат квалитетот на воздухот и претставуваат сериозен ризик за јавното здравје. 

Фото: Принтскрин/Икс
Слично

Поврзани вести