СИЛНА КОМБИНАЦИЈА: По прва доза АстраЗенека, втора доза Фајзер, германските научници откриваат многу поголема ефикасност
Германските научници
од Сарскиот Универзитет во Сарбрикен денеска соопштија дека анализите од студијата спроведена на 250 лица кои прва доза од вакцината против Ковид-19 ја
примиле АстраЗенека, а вторатаФајзер, покажуваат
дека ефикасност во создавање имунитет е многу поголем, отколку кај оние кои примиле две дози на АстраЗенека. Во нивното соопштение, истовремено наведуваат
дека истава оваа комбинација има и поголема ефикасност отколку примени
две дози од вакцината на Фајзер.
Според научниците, кај вакцинираните лица со вакцини од различни производители се создаваат многу поголем број на антитела, а како и т.н. Т-клетки, кои се главниот двигатен на „скриениот имунитет“.
Авторите на студијата, кои, според нивните сопствени изјави, биле „изненадени од недвосмислениот резултат“, препорачуваат вакцинација со различни видови вакцини, но сметаат дека оваа студија треба да се продлабочи, со цел да се добијат нови знаења за ефективноста по пол или возраст.
