Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силна експлозија во терминал за природен гас

Силна експлозија во терминал за природен гас

Едно лице почина, а 60 се повредени откако експлодира гас на терминалот во Баумгартен, источна Австрија.

Експлозијата се случила кај една од пумпите за гас.

Според полициските информации експлозијата се случила во 08:45 часот, при што настанал голем пожар.

Цела област е затворена. Терминалот постои од 1959 година и е најголемото место на Австрија за увоз и извоз на природен гас.

Како што дознаваме од тамошните медиуми причината за експлозијата е техничко оштетување на пумпа. На терен се спасувачки хеликоптери, десет пожарни коли и четири возила на итната помош.


Слично

Поврзани вести