Силен земјотрес во Перу предизвика свлечиште
Земјотрес со јачина од 5,6 степени вчера беше регистриран близу брегот на Перу, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Епицентарот на земјотресот беше во Тихиот Океан, 90 километри западно од градот Камана, во јужниот дел на земјата, и на длабочина од 35 км.
Засега има податоци дека еден човек загинал, а двајца се повредени како резултат на свлечиштето предизвикано од земјотресот, пренесува Ројтерс.
Властите работат на чистење на патишта, кои се непроодни од паднати оргомни карпи и наноси на големи количества земја.
Слично
