Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес во Тајван: Потресот со јачина од 5,7 степени

Силен земјотрес во Тајван: Потресот со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди денес североисточниот брег на Тајван, објави тајванската метеоролошка служба.

Земјотресот бил на длабочина од 72,2 километри и моментално нема извештај за евентуални штети, пренесува Ројтерс.

Тајван се наоѓа на раскрсницата на две тектонски плочи во Јужното кинеско море, а земјотресот во 2016 година, кој го погоди јужниот дел на островот, уби повеќе од 100 луѓе.

Многумина сè уште се сеќаваат на разорниот земјотрес со јачина од 7,3 степени од 1999 година, кога загинаа повеќе од 2.000 луѓе.


Слично

Поврзани вести