Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО МЕКСИКО: Предупредување за цунами за четири држави

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО МЕКСИКО: Предупредување за цунами за четири држави

Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди Мексико, при што едно лице загина. 

Земјотресот го погоди јужниот и централниот дел на Мексико. Потресот е почуствуван и во претстолнината Мексико Сити која се наоѓа на 600 километри северно од сојузната држава Оахака, каде е регистриран епицентарот.

Странските медиуми пишуваат дека сериозни оштетувања има во болница каде се згрижени заразени со Ковид-19, поради што тие ќе мора итно да бидат евакуирани. По земјотресот, којшто се случил околу 10.29 часот по локално време, биле реагистрирани уште 147 афтершокови.

Предупредување за цунами има за Мексико, Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас, односно 1.000 километри долж западниот брег на Јужна Америка.

На 24 мај имаше силен земјотрес од 5.5 степени во Мексико. 

Слично

Поврзани вести