Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН - три лица загинаа, над 300 се повредени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН - три лица загинаа, над 300 се повредени

Силен земјотрес го погоди Иран. Од досегашните информации се знае дека погинале три лица, а повредени се над триста граѓани. 

Земјотресот е со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала и го погоди северозападниот дел на Иран во близина на границата со Турција.

Земјотресот бил на мала длабочина од седум километри, со епицентар во близина на градот Хоџа.

Според извештаите на локалните власти и медиумите, земјотресот со висок интензитет, како и последователните послаби потреси, биле почувствувани во неколку градови, меѓу кои и Урмија, главниот град и најголемиот град на покраината, јавува ТРТ.

Во соопштението на иранските служби за итни случаи, се наведува дека спасувачките екипи се на местото на настанот, пренесува Ројтерс.



Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил почувствуван и во Турција, Ирак, Ерменија и Азербејџан.

 

Слично

Поврзани вести