Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИНДОНЕЗИЈА - најмалку 10 лица загинаа, според Рихтерова скала ударот бил со јачина од 5,6 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИНДОНЕЗИЈА - најмалку 10 лица загинаа, според Рихтерова скала ударот бил со јачина од 5,6 степени

Најмалку 10 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја потресе индонезиската провинција Западна Јава, изјави локалниот претставник Херман Суерман.

Претставник на владата во Сианџур, градот во Западна Јава, каде што се наоѓаше епицентарот на земјотресот, изјави за ТВ Метро дека до 20 лица починале во болница во областа, пренесе Ројтерс.

Агенцијата за метеорологија и геофизика БМКГ утринава соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала неколку секунди ја потресе индонезиската престолнина Џакарта.


Во истото соопштение се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Чианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Се додава дека нема потенцијал за цунами.

Некои луѓе ги евакуираа канцелариите во централниот деловен кварт на Џакарта, додека други изјавија дека чувствуваат дека зградите се тресат и гледаат како мебелот се движи, изјавија очевидци за Ројтерс.

Новинарите на Франс прес објавија дека добиле инструкции да ја напуштат редакцијата.

Индонезија се наоѓа на „огнениот појас“ на Пацификот, поради што често е погодена од земјотреси.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести