Силен земјотрес повторно го погоди Токио
Само една недела по силниот земјотрес кој предизвика запирање на работата на метрото и брзите возови во Токио, нов силен земјотрес го потресе јапонскиот главен град.
Денес станбените згради се треселе околу една минута, додека интензитетот на земјотресот постепено се намалувал, пренесоа локалните медиуми.
Интензитот на земјотресот бил со јачина од 8,5 степени според рихтеровата скала пренесуваат медиумите, повикувајќи се на метеослужбата на Јапонија.
Закана од цунами засега нема. Недостасуваат информации за жртви и причинета материјална штета. Од потресите се активирале автомобилските аларми и се растревожиле жителите на Токио.
Според американскиот геодезичен институт „USGS“, првите потреси се регистрирани околу 11:30 универзално време. Епицентарот на земјотресот бил на околу 874 километри од Токио во Пацификот, а магнитудата била околу 7,8 според податоци на Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами. Магнитудата на земјотресот била 8,5, а земјотресот се наоѓал на длабочина 696 километри.
